Најголем проект на компанијата Форматура е СуперШкола (www.superskola.rs), комерцијална усуга за која е креирана преку 100 саати авторски образовен материјал. Оваа услуга е наменета за учениците од 5-8 одделение (и за нивните родители), а на платформата која е развиена од страна на Форматура, покрај видео содржините, се наоѓаат и многу други функционалности.

Од создавањето на услугата, СуперШкола ја имаат испробано неколку илјадници семејства во и надвор од Србија, а Форматура за овој проект има добиено повеќе домашни и меѓународни награди.

Употребувајки го своето искуство во е –учењето, Форматура развива платформа за е –учење наменето за бизнис корисниците.

еГО! платформата, на компаниите, организациите, малите и големите претпријатија, им овозможува едукација на вработените, процеси на континуирано лиценцирање, како и понуда на своите курсеви преку комерцијален модел.

Форматура ја креирала еГО! со идеја платформата да биде лесна за употреба и да им овозможи на компаниите од сите големини, да ја употребуваат, со цел континуирано образование на своите вработени и да имаат значајно намалување на трошоците.








E-Learning Awards


award award-2