Уредување на платформата по ваша желба

Уредете ја вашата еГО! платформа така што ќе го одсликува вашиот корпоративен изглед. Разубавете ја почетната страница со фотографии од вашето портфолио, а истата можете и да ја обоите во една од понудените комбинации. Додадете го вашиот логотип, а еГО! платформата треба да ја поставете на својата интернет адреса..(Последните две ставки се можни само во пакетот ,,про,,)

Различни нивоа на администрации

Креирајте администратори и инструктори со различни нивоа на пристап. На пример, администраторите нека управуваат со платформата, инструкторите нека креираат курсеви и нека ги оценуваат приправниците, а вработените од одделот за евакуација нека имаат пристап само во нивните извештаи.


Неограничен број на курсеви

Креирајте толку курсеви колку што ви е потребно-за различни теми, различни сектори и различни нивоа на знања. Креирајте содржина на лице место и додадете ги веќе спреманите материјали кои вашите корисници треба да ги усвојат. Единствено ограничување е вашата имагинација!

Системски пораки кон корисниците

Работење со платформата за е-учење подразбира и систематска комуникација со вашите корисници. Во однос на вашите барања, ќе креираме системски пораки кои автоматски ке се испраќаат на вашите приправници.Ваквите пораки во главно вклучуваат повикување на курс или тестирање,постигнати резултати, пристап до нова содржина и друго.

Креирање на мултиммедијална содржина

Понудете им на вашите корисници курсеви на кои ќе доваѓаат со задоволство. Со помош на нашиот мултимедијален едитор моежете да креирате интересни содржини на лице место или да поставувате материјали за обука кои ви се веќе спремни (doc,pdf,ppt,mp4)



Модул за тестирање

За да го проверите напредувањето на вашите приправници, креирајте тестови со кои ќе го проверите нивното знаење. еГО! ви нуди можности со временско ограничување на тестот,повише типови на прашања, оценување на отворени прашања и многу други можности.

Секција за известување

Една од најважжните секции во секоја платформа за учење на далеку е таа која дава резултати и напредување на корисниците. Во секцијата за известување на еГО! платформата, лесно ќе го следите успехот на вашите корисници- кој го завршил курсот и со каков успех, како е решен тестот за проверка на знаењето, дали една група работи подобро од другата итн.

Повеќејазичност

Во пракса, често се случува клиентите да побараат да го додадат својот јазик на платформата. Постојат вработени на кои им е некој друг јазик мајчин или платформата се користи во представништва на иста фирма во различни земји. еГО! има можност да работи на повеќе јазика и со повеќе писма. Во модулот за преведување, лесно можете да додавате и мењате јазици кои ќе ви бидат на располагање на вас и на вашите клиенти.


Решавање на посебни барања

еГО! платформата содржи повеќе функционалности кои се вообичаени за вакви системи. Но, доколку откриете дека нашата платформа ја нема функционалноста која ви е потребна, јавите ни се одма. Ние сакаме континуирано да ги унапредуваме своите решенија за да сите наши клиенти бидат задоволни.