Електронско учење



Системот за електронско учење стана многу популарен во почетокот на 21 век. Понатамошниот развој на инфраструктурата, масовното користење на мобилни уреди и развивање на многубројни социјални мрежи доведоа до овој тренд. Денес, електронското учење е дефакто стандарт за унапредување на личните и корпоративни вештини и знања. Овој систем на учење нуди знање на лесен и прифатлив начин за оние кои го посакуваат. Во работни услови, е-учење најчесто користат мали и големи компании, друштва кои се занимаваат со континуирано лиценцирање, како и агрегатори на знаења кои сакаат да креираат електронска понуда на своето портфолио и на тој начин да генерираат дополнителна заработка.






Во денешно време, современите компании се свестни дека нивен најважен ресурс се луѓето. Затоа , на вработените често им нудат пакети со бенефиции кои ќе ја намалат флуктуацијата, а тимот кој ќе победи нема да се промени. Како едно од примарните барања на вработените во својата хиерархија е потребата за можност да ги унапредат и усовршат своите знаења и вештини. Е-учењето е совршен начин за тоа! Понудете им на своите колеги содржајни и интересни курсеви кои ке им дадат можност да ги подобрат своите знања, а со тоа и квалитетот на работа во вашата компанија. Исто така на овај начин ќе покажете дека компанијата искрено се грижи за развојот на своите работници.







Една од основните предности на електронското учење е можноста корисниците да можат да пристапат на содржината за учење во време и на место кое највеќе им одговара. Таа функционалност ги ослободува од стрес, им овозможува да имаат слобода да учат тогаш кога концентрацијата им е на највисоко ниво, сето ова ги прави позадоволни, а така и побрзо учат. Исто така, оваа особина им овозможува на компаниите да го скратат траењето на семинарот,,во живо,, а тоа ја подига концентрацијата и ефектот, а ги намалува трошоците и користењето на ресурсите.








Компаниите често ги едуцираат своите вработени за новите производи и услуги, за продажните и безбедносните процедури. Во случај кога компанијата има повеќе представништва во земјата или регионот, работата која е потребна за едукација значајно се мултиплицира. Во овие ситуации, едукаторите и инстукторите се под големо оптеретување кое често доведува до заситеност и генерално, послаб квалитет на обука. Секако не треба да се заборават и останатите трошоци, како што се- амортизација на возен парк, дневници, сместување, трошоци за организација и друго. Користењето на платформите за е-учење ви овозможува лесно да ги дистрибуирате новите содржини на вработените и да ги тестирате дали и какво знаење стекнале. Во оваа ситуација, кадарот кој е задолжен за обучување може да го посвети своето време на квалитет на самата обука што ќе даде добар резултат и ке придонесе сите вработени да бидат задоволни.








Мислам дека ви е јасно до сега дека користењето на платформите за е учење дава значајна заштеда. Различните истражувања ни докажаа дека компаниите кои користат ваков тип на учење можат да уштедат 20-90% од дотогашниот буџет за едукација. Сето ова се постигнува со елиминирање на голем број трошоци, оптимизација на човечките и материјалните ресурси и се вкупно со поефикасен начин на работа кој е поврзан со едукацијата на вработените.







За да работата биде уште подобра, ќе ве израдуваме, за вашата компанија ова не мора да биде голема одлука! Користењето на еГО! платформите не бара размислување за хардверска комплексност, компатибилност, инсталација и комплексна едукација на луѓето. Нашата платформа се наоѓа во облакот што значи дека она се користи со интернет конекција и со било кој интернет пребарувач. Користењето на платформата е едноставно, а условите за претплата поволни. Платформата можете да ја пробате бесплатно, да ја плаќате на месечно ниво и ако